Британскиот принц Хари и неговата сопруга војвотката од Сасекс, Меган Маркл се откажаа од кралските функции. Тие соопштија дека ќе заработуваат сами и дека ќе живеат во САД.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи стои дека планираат „да се повлечат“ од функциите на високи членови на британското кралско семејство, и се потенцира желбата на парот да отвори нов пат за кралските членови во современиот свет.
Кралската двојка, во соопштение објавено синоќа од Бакингамската палата велат дека се повлекуваат од активните должности што им ги наметнува кралското семејство, дека планираат да „станат финансиски независни“ и да го „балансираат своето време“ помеѓу Северна Америка, каде што исто така ќе живеат, и Велика Британија.
Во соопштение велат и дека сакаат да создадат прогресивна нова улога во рамките на институцијата.
„По повеќемесечни размислувања и меѓусебни дискусии, ние избравме годинава да направиме транзиција и да почнеме да си создаваме прогресивна нова улога во оваа институција“, стои во соопштението.
„Имаме намера да се повлечеме како ‘високи’ членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, додека и понатаму ја поддржуваме Нејзиното височество кралицата“.
Неколку часа подоцна, Бакингемската палата објави уште едно соопштение, во кое стои дека првото изненадило некои од членови на кралското домаќинство. Во него се вели дека разговорите со војводата и војвотката од Сасекс биле „во рана фаза“.
„Ние ја разбираме нивната желба да преземат поинаков пристап, но ова се комплицирани теми на кои ќе им треба време за да профункционираат“, се вели во соопштението.
Фото: Инстаграм/Фејсбук/Sussexroyal