еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Британски туристи шест дена поминаа 230 километри во јавање коњи на Галичник

Коњичкиот клуб „Шерпа хорс рајдинг“ (Sherpa Horse Riding) беа домаќини на британски туристи, искусни јавачи на коњи, кои шест дена поминаа 230 километри на коњи на Галичник, Лазарополе, Стогово, Бистра, Маврово.

Шестдневната тура е во рамките на „Мијак трајб треилс“ кои „Шерпа хорс рајдинг“ ја нудат како услуга.

„Провајдерот што доаѓа од Велика Британија, нуди услуга „хорс рајдинг холидеј“ за нивните клиенти, односно провајдираат годишно од три до четири илјади јавачи кои користат нивни услуги. Седум години пробуваме да стапиме во контакт со нив, а пред три години го остваривме првиот контак.

Малку беа индиферентни во однос на тоа дека треба да дојдат во Македонија, не им беше јасно каде е. Во меѓувреме последните две години, минимум седум нивни члена не посетија и учествуваа во турите. Како искусни јавачи пренеле многу позитивно искуство, што како 20-годишни јавачи не го доживеале. Ни се јавија и договоривме да не посетат“, велат за еМагазин од „Шерпа хорс рајдинг“.

Турата вклучува јавање од Галичник до Лазарополе, потоа Стогово, Гари, Бистра, Маврово. Освен спиење по хотели, туристите кампувале за што биле обезбедни сите потребни услови.

До септември, за време на викендите овој клуб веќе 75 отсто е букиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

(Фото) Новиот пратеник на СДСМ, Филиповски во најприродно издание: Коњите на Галичник му се голема љубов

Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Финансиерот на бугарските клубови дели пакети со храна со слика на Цар Борис Трети

Редакција

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Редакција

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Редакција