еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Бројчаникот за „украдените“ пари никако да почне да врти

И по повеќе од четири месеци бројчаник за „украдените пари“ од претходната власт, кои треба да се вратат во буџетот, а беше предизборен адут на сега владејачката СДСМ и е поставен на Порта Македонија во Скопје, уште не врти.

Во меѓувреме јавноста изминативе недели беше „бомбардирана“ со информации за амнестија, притворање, па пуштање од затвор на личности кои изминативе години беа посочувани како лица кои ги „украле„ парите.

Кој врати пари?

Пред неколку месеци новинарката на „Сител“, Ивона Талевска, на државна сметка ја уплати целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како физичко лице таа врати над 27 илјади евра за затаен данок од шест години, 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1.000 евра како споредна штета, 2.000 денари судски трошоци…

Според пресудата, Талевска како претставник на фирмата „Смарт“, треба да врати и приближно 18,6 илјади евра за затаен данок.

„Смарт групацијата“, пак, треба да плати казна од 200 илјади денари и данокот кој бил затаен во износ од над 16 илјади евра.

Досега пари во буџетот врати и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на кого Финансиска полиција му поднесе кривична пријава поради оштетување на буџетот при изградбата на пешачкиот мост „Око“, дел од проектот „Скопје 2014“.

Тој врати 443.000 евра.

Од општина Центар најавија дека овие пари ќе одат за асфалтирање на улици.

И од други случаеви на СЈО се очекуваат одлуки за враќање на пари во буџетот, а најава од власта за враќање има и на пари кои биле злоупотребени од претходни советници, министри…

Бројчаникот е донација на премиерот Зоран Заев, а како што објави еМагазин, за него платил 7.000 евра.

ГРАЃАНИТЕ СКЕПТИЧНИ

Граѓаните пак се поделени за тоа колку злоупотребени пари ќе се вратат во буџетот, имајќи во предвид дека од Македонија во последниве неколку децении се изнесени милиони и милиони евра.

ПОСТАВЕН Е НА ДИВОГРАДБА

Бројчаникот е поставен на дивоградба. Имено, пред неколку месеци од работната група за анализа на мега проектот „Скопје 2014“, посочија дека спомениците „Воин на коњ“ и Порта Македонија се дивоградби и порачаа дека тие треба да бидат или отстранети или легализирани.

Од таму посочија дека процедурата за градење на Порта Македонија била незаконска уште на самиот старт.

Реакција на институциите по оваа информација немаше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 септември влез или излез од земјата со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР- тест

Редакција

21,6% од заболените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми

Редакција

Одзивот на гласачи до 20.45 изнесува 50,86 проценти

Редакција