еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Ресен продолжува да расте

Во Ресен, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера беа регистрирани нови 5 лица заразени со Ковид-19.

Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 70, од кои активни се 69 случаи, а малата општина има вкупно повеќе случаи на заразени со корона вирусот од неколку поголеми градски општини.

Здравствените власти пред извесно време информираа дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер, кој доби и кодно име “Куќна слава Ресен“.

Поради новонастаната ситуација во Ресен беа затворени неколку големи компании, по одлуката на тамошниот Кризен штаб вработените да не одат на работа извесно време, додека ситуацијата не се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир останува на врвот во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Поради корона вирусот муслиманските верници од земјава нема да одат на аџилак

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која била Мирка Гинова која Ципрас ја спомна во својот говор во Парламентот

Редакција

Нивите кои го снабдуваат Скопје со земјоделски производи може да бидат загадени ако се изгради фабриката во Гази Баба за која граѓаните стравуваат

Редакција

Голем удар за Тиранската платформа: Каде беа Албанците за гласањето на референдумот?

Редакција