еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бројот на позитивни на Ковид-19 за една недела се намалил за 6,1%

Во периодот од 22 до 28 ноември во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на Kовид-19 се тестирани вкупно 18.781 материјали, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Во посочениот период се регистрирани 2.751 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 6,1 отсто помалку во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 9,5 до 17,5 отсто или просечно 14,3 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.279; 46,5 отсто), со неделна инциденца – 201,7 на 100.000 жители.

Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 389,6 на 100 000 жители.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.829 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување,“ се вели во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 44 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Кај децата до 9 години, бројот на заболени од Ковид-19 зголемен за 14,4%

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Рускиот амбасадор во Полска испрскан со црвена боја на церемонија за Денот на победата на фашизмот

Редакција

(Фото) Конечно убава вест од Австралија: Со хеликоптери се истура храна за дивите животни

Редакција

По бројните негативни реакции, Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење„

Редакција