еМагазин
Image default
Балкан

Бројот на заразени 228: Четврта жртва од корона вирусот во Грција

Бројот на жртвите од Ковид-19 во Грција се искачи на четири лица, откако рано утрово, 53-годишен маж почина во болницата во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за лице кое работело во болницата во градот Касториа (Костур), во микробиолошката лабораторија и имал здравствени проблем.

Во понеделникот бил примен во болницата во Козани, во вторникот здравствената состојба се влошила, бил приклучен на апарати и со тешка пневмонија бил префрлен во болницата АХЕПА во Солун, каде што рано утрово почина.

Вчера беа потврдени два смртни случаи на коронавирусот во Грција, една лице на Закинтос и еден во градот Птолемаида, додека пак првата жртва беше потврдена во четвртокот во градот Патра.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција, заклучно со вчера попладне е 228 лица, од кои 57 се хоспитализирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Млада фармацевтка разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Црквите и џамиите да се затворат поради коронавирусот: Верниците можат и дома да се молат

Прва интерактивна мапа за коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белград нема да го екстрадира Радоичиќ, оти Србија не го признава Косово, вели Вучиќ

Редакција

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени од протестот во Белград

Редакција

(ВИДЕО) Земјотрес од 6,4 степени кај Закинтос почуствуван и во Македонија, Малта, Италија, Албанија и Либија

Редакција