еМагазин
Image default
Бизнис

Бруто надворешниот долг на земјава достигна 8,3 милијарди евра

Бруто надворешниот долг на нашата земја на 31 март на 2019 година, изнесува 8,3 милијарди евра и бележи квартално зголемување од 397 милиони евра (или 5%), соопшти Народната банка.

„Растот на вкупниот бруто надворешен долг во најголем дел произлегува од зголемениот јавен долг (за 339 милиони евра), при истовремен, но помал пораст и на приватниот долг (за 58 милиони евра)“, информира Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка коишто во овој квартал ги зголемија обврските за 298 милиона евра, кварталното зголемување на бруто-долгот е помало и изнесува 99 милиони евра.

„Притоа, јавниот долг (без активностите за управување се девизните резерви) е зголемен за 41 милион евра, главно како резултат на зголемениот долг на јавните претпријатија и јавните банки.

Истовремено, приватниот надворешен долг бележи зголемување за 58 милиони евра, главно заради зголемениот долг на приватните банки (за 34 милиони евра) и растот на долгот кон капитално поврзаните субјекти (за 21 милион евра)“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст и на извозот и на увозот во септември

Редакција

Машински инженери и техничари од „Фероинвест“ ја монтираат опремата за ХЕ „Накра“ во Грузија

Редакција

ЈСП купи гориво од Пуцко петрол во вредност од 26,8 милиони евра

Редакција