еМагазин
Image default
Македонија

Брзи тестови за Ковид-19 и во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово и Делчево

Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска се врши во здравствените домови во Битола и Делчево, од вчера е почнато во општите болници во Кочани и Кавадарци и здравствените домови во Велес и Куманово, а од понеделник ќе почне во Центарот за јавно здравје во Битола, соопшти Министерството за здравство.

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември е спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.

Од Министерството наведуваат дека и во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.

Досега, на девет локации во Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Од Министерството нагласуват дека за брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена.

Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска тестирање со брзи ковид тестови и во Битола

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Редакција

Убава вест: Во Дебар деветти ден без новозаразени со корона вирусот

Редакција

Бислимоски: Нападот нема да ме поколеба да работам исклучиво според закон

Редакција