еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија ги објави правилата за летување: Се препорачува клима уредите да се заменат со вентилатори

Хотелите и рестораните во Бугарија веќе можат да пречекуваат гости согласно мерките и препораките дадени од Министерството за туризам.

Покрај задолжителната засилена хигиена за секој гостин, сопствениците на сместувачките капацитети се должни на секој турист да му обезбедат санитарен сет, кој вклучува заштитна маска и заштитни ракавици.

Се препорачува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои, доколку е можно, може да ги заменат за вентилатори. Храната мора да се сервира само на отворени простори – на хотелски тераси, почитувајќи ја мерката за оддалеченост.

Масите мора да бидат поставени на растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.

Воведени се посебни барања во однос на температурата на складирање и миење на користени садови. Организирање на забавни настани за деца е дозволено само на отворено со строго почитување на мерката за физичко растојание.

Спа центрите во хотелите засега остануваат затворени. Базените ќе работат повторно со строга почитување на пропишаните мерки.

МИА/Фото: bglucky.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли одморот во Грција поевтин?

Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со комплицирана хибридна операција спасен животот на 77-годишен струмичанец

Редакција

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Редакција

СЗО: Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на Ковид-19

Редакција