еМагазин
Image default
Македонија

Бугари организираат собир за поддршка на Македонија пред Француската амбасада во Софија

Под мотото „Европска иднина за Македонија“ попладнево пред Француската амбасада во Софија ќе се одржи мирен собир за поддршка на европските аспирации на Северна Македонија, јави БГНЕС.

– Самиот настан не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и за забрзување на почетокот на нејзините преговори за членство во Европската Унија, изјави еден од организаторите на собирот, скулпторот Андреј Врабчев.

Тој нагласи дека присуство на настанот, организиран преку социјалните мрежи, потврдиле најмалку 150 лица.

Врабчев најави дека е предвидено за време на собирот до Амбасадата да биде доставено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се бара од него да ја преиспита својата позиција околу отпочнувањето на претпристапните преговори со Северна Македонија.

– Местото на Македонија е во Европа поради многу причини – како географски, така и културни. Како што нашето место е во Европа, логично е и Македонија да биде дел од ЕУ. Крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да биде европска, односно да биде слободна, истакна Врабчев.

Според него, доколку Бугарија и Северна Македонија одново припаднат на два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе биде многу драматично и ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров. Во таков случај, смета Врабчев, земјава многу лесно може да западне во криза, бидејќи „има обиди за нејзина поделба, како и апетити од трети држави“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео од дрон) Мицкоски од маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Власта многу ветуваше, но не исполни

Редакција

Бројот на починати од Ковид-19 во Македонија над 2.000

Редакција

Радев задоволен од средбите на Петков во Скопје, потсети да не се заборават главните прашања

Редакција