еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Бугарите и денеска најбројни на градскиот пазар во Делчево и по кафеаните

Бугарските државјани и денеска беа меѓу најбројните посетители на градскиот пазар во Делчево каде ги полнеа кошниците со квалитетни раноградинарски култури и овошје.

Анкетираните велат дека овде најмногу доаѓаат токму поради квалитетните производи, а освен раноградинарски култури купуваат и месо, ориз, сирење, неретко и гардероба.

-Ми се допаѓа овде во Делчево, пазарот ви е доста наполнет, имате квалитетна понуда, за прв пат сум тука и ми се допаѓа. Најмногу го бендисав оризот за кој сите во Бугарија велат дека е со екстра квалитет. Од другите производи кои надалеку се прочуени кај нас се вашето домашно сирење како и месото. Ќе одбереме од се по нешто, вели посетителка од градот Симитли, Бугарија.

Некои од посетителите, како што велат, во Делчево доаѓаат за да ја видат и туристичката понуда на градот, за кој велат дека е еден од најчистите кој имале прилика да го видат во рамки на нивната организирана тура низ Македонија.

-Многу ни се допаѓа, иако времето е прилично ладно. Од она што можевме да го видиме, како град Делчево е едно навистина уредено и чисто место, рекоа две госпоѓи од Благоевград, Р. Бугарија, кои додадоа дека во Делчево редовно доаѓаат на прошетка со своите сограѓанки.

За оние кои патувањето им е пасија посетата на Делчево беше можност да се одбере нов сувенир во богатата колекција која ја поседуваат.

-Одиме на различни места и претежно купуваме сувенири, овде кај вас гледам има евтини работи и сигурно ќе најдеме нешто за спомен, кажа посетителка од Северна Бугарија.

Во сабота ова е најчестата глетка која може да се забележи во Делчево. Освен пазарот кој е преполн со гости од Бугарија преполни се и кафеаните. Тука по паузата од пазарниот ден Бугарите остануваат на ручек, а дел од нив се чести гости и за викендите каде уживаат во делчевската идила.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатно лекување за наш граѓанин со Ковид-19 ако се најде во болница во Србија и Албанија

Редакција

Лидерите на Западен Балкан од Драч ветија поддршка и заедништво при природни катастрофи

Редакција

Предводникот на бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања: Целта не е промена на историјата, туку на учебниците

Редакција