еМагазин
Image default
Македонија

Бузаку побара од Реџепи за 72 часа да си замине од ИВЗ, во спротивно ќе објавувал тешки криминали

Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно, како што рече ќе објавел докази и факти за криминални активности, кои ги означи како тешки кривични дела.

Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа, што тој му ги поставува на Реџепи.

-Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 година и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работното место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа, изјави Бузаку.

Втората порака, што ја пренесе се однесуваше на 72-часовниот ултиматум, што му го постави на Реџепи.

-Втората порака е до Сулејман Реџепи да ја ослободи ИВЗ за 72 часа, му даваме 72 часа, ако не даде оставка, ако не сака да се повлече од ИВЗ тогаш ние имаме страшни докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија, нашата држава, рече Бузаку.

На прашањето зошто изминатиот период не се огласил и како да затаиле несогласувањата, Бузаку одговори дека не одржувал прес-конференции поради другите приоритети со кои се соочувала државата и нејзините органи, пред се евроатлантските интеграции. Додаде дека тоа не значи дека не работеле и дека не ги следеле состојбите.

Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи останува поглавар на Исламската верска заедница, порача Ријасетот кон крајот на април и потенцира дека е единствено тело кое го назначува поглаварот на ИВЗ и дека судската одлука за негова смена и целиот случај се скандалозни, зад кои стои политиката.

Ријасетот на Исламската верска заедница кон крајот на април одржа седница во Кондово, по чие завршување актуелниот поглавар на ИВЗ реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи изјави дека Исламската заедница е силно огорчена од овој скандал.

-Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и нема да се заборави, рече тогаш реисот Реџепи по завршување на седницата на Ријасетот во Кондово.

Седницата следуваше откако Бузаку повикувајќи се на судското решение најави дека тој е новиот поглавар на ИВЗ.

-Ќе раководам со ИВЗ согласно судско решение, рече Бузаку кон крајот на април, дополнувајќи дека побарал финансиската полиција да направи увид во досегашното работење на поглавараот Сулејман Реџепи.

МИА/Фото: Реџепи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кичево нема новозаразени со Ковид-19, четири лица оздравени

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 74 пациенти, а вкупно се лекуваaт 666

Редакција

Ковид-19 ги исполни капацитетите на струмичката болница, директорот бара дополнителен персонал

Редакција