еМагазин
Image default
Македонија

Цаца Николовска: Неприфатливо е прислушувањето на телефоните во Обвинителство

За претседателката на Институтот за човекови права и поранешна судика во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, најновиот случај со прислушувани телефонски разговори во зградата на Јавно обвинителство е неприфатлив. Таа се надева дека истрагата ќе ги даде потрбните одговори.

– Има многу прашања кои треба да се разрешат и се надевам дека истрагата ќе даде одговор. Веќе се во оптек многу прашања – кој дозволил и ја поставил таквата опрема и со која цел, дали и колку се прислушувани. Сето тоа се работи кои во моментов не можам да ги коментирам затоа што немам доволно факти да ги елаборирам, но во секој случај ова е многу непријатна работа – изјави Цаца Николовска одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешната дебата „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судстството“.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски вели дека треба да се утврди што точно е направено и дали на законски или незаконски начин е прислушувано.

– Ако е направено на незаконски начин, треба да се одговара – рече Караџовски, додавајќи дека кај нив централата е толку стара што нема шанса да има уред за прислушување.

Случајот со прислушувањето на фиксните телефонски линии во зградата на Републичкото јавно обвинителство на 30 ноември го обелодени државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски. Тој кажа дека сите фиксни броеви од телефонската централа во ЈОРМ биле прислушувани од 30 септември 2016 година, но оти има индиции дека почнало уште во 2013.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Дваесет години „Големото уво“ прислушува: Откривањето почна со Црвенковски, ќе заврши ли со Заев?

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Милошоски по гласањето во собраниската комисија: Се покажа дека нема двотретинско мнозинство

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција