еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Capitol Mall и здружението Ајнштајн во мисија да ја подигнат јавната свест за дислексијата

Дислексијата е специфична состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорениот јазик и создава потешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето и покрај високата интелегенција, поголемиот дел од децата кои имаат дислексија се соочуваат со проблем да ги „декодираат“ односно читаат зборовите и да ги асоцираат со одредени звуци и комбинации од букви.

Октомври е месец на дислексијата, за таа цел Капитол мол во соработка со Здружението за дислексија Ајнштајн иницираа кампања со низа активности која има за цел да ја подигне јавната свест за оваа појава кај јавноста.

Учениците од основните училишта во општина Аеродром ќе имаат можност да учествуваат во ликовен конкурс на тема „Дислексијата е дарба“, а ќе бидат одржани и работилници зa родители и други заинтересирани лица на тема „Како да препознаете дислексијата и кои се предностите на истата“.

Од Здружението за дислексија Ајнштајн изјавуваат дека „Непрепознавањето на дислексијата навреме може да предизвика трајни последици, не само образовни, туку и психолошки, бидејќи децата од образовиот процес може да излезат неподготвени за предизвиците и со многу ниска самодоверба“.

Алберт Ајнштајн, Томас Едисон, Исак Њутон, Александар Грахам Бел, Стив Џобс, Бил Гејтс, Џон Ленон, Ернест Хемингвеј, Винстон Черчил, Том Круз, Селма Хајек се само дел од познати личности во историјата што имале дислексија и истата не влијаела негативно на нивниот личен успех.

“Идејата е да се запознае јавноста подобро со оваа појава, да им помогнеме на родителите, децата и засегнатите страни како да се препознае оваа појава и како да се третира“ изјавија од Капитол Мол.

Повеќе информации за самата кампања може да најдете на веб страната и социјалните медиуми на Capitol Mall или Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времена забрана за ординацијата во која е третиран мажот кој почина од сепса

Редакција

Какви навреди децата трпат од родителите: Коњу, магаре, прост си ништо не разбираш

Силвана Жежова

Епидемијата не стивнува: Од морбили досега заболени 1.524 лица

Никола Осило