еМагазин
Image default
Локално

Цариник од Табановце му украл на Србин 1.000 франци од паричник

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.К.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

На 31.05.2018 година околу 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“, пријавениот, како цариник во царинска испостава „Табановце”, извршил преглед над лицето А.С.(61) од Република Србија, кој пешки ја поминувал границата помеѓу Република Македонија и Република Србија.

Притоа, пријавениот му одзел два паричници (во едниот имало само српски динари, а во другиот само швајцарски франци) и без присуство на А.С. или друг цариник извршил проверка на паричниците во службена просторија и од едниот одзел 1.000 швајцарски франци. После тоа, С.К., без присуство на друг цариник, во службената просторија извршил преглед на А.С.. Откако не утврдил неправилности, без изготвен записник, го ослободил А.С. да ја напушти Република Македонија.

Кога пристигнал во Република Србија А.С. забележал дека му фалат 1.000 швајцарски франци. Повторно се вратил на Граничниот премин Табановце и го известил пријавениот дека му фалат пари. Но, С.К. не го пријавил настанот, туку му наредил на А.С. да ја напушти Република Македонија.

На 20.06.2018 година А.С. го пријавил настанот во СВР Куманово. По преземени мерки и по консултација со Јавен обвинител против С.К. била изготвена кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две гранати од Првата светска војна пронајдени при ископ на темели за куќа

Редакција

Секој куршум има мета – кампањата против пукање на веселби продолжи во Општина Теарце

Редакција

МВР урива рекорди: Изречени близу 400 казни на возачи во Скопје за едно деноноќје

Редакција