еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен првиот Дневен центар за Даунов синдром

Денеска се отвори првиот Дневен центар за Даунов синдром. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот Храм, на вкупна површина од 381 м2.

Вкупната инвестиција на МТСП за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари.

Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

„Со социјалната реформа ги унапредуваме правата на лицта со попречености. Освен што зголемивме дел од надоместоците работиме и на развој на услуги на локално ниво како што се дневните центри и персоналните асистенти. Овие центри значат многу во локалната заедница, а наша крајна цел е да овозможиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите.

Во сите наши активности целосно ја следиме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги коишто во минатото не постоеле“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa.

Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.

Развојот на Центарот се одвива со поддршка од лица на Центарот за социјална работа, Заводот за социјални дејности и Градот Скопје кој веќе финансира проект за поддршка на децата со Даунов синдром во рамките на овие простории. Секако, тука е и соработката со родителите на децата, и со Граѓанските организации како Трисомија 21, со кои министерството развива партнерски односи од самиот почеток.

„Ги повикувам сите родители да се пријават во ЈУ МЦСР на Град Скопје или во просториите на Дневниот центар за деца со Даунов синдром да добијат информации за начинот на користење на услугите на Центарот и да поднесат барање за користење на наведените услуги“, дополни Царовска.

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски возач на камион е вистински херој во Србија

Редакција

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Редакција

Петтото издание на Скопје Синема Сити ќе го отворат Влатко Стефановски и Кит Ричардс, а ќе го затворат Queen и U2

Редакција