еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Cashback World повторно ги изненади своите онлајн купувачи – овој пат со паметен „plug-in” за интернет пребарувачите

Со новиот plug-in – „Cashback Helper“, интернационалната шопинг заедница Cashback World станува уште поголем извор на возбуда за своите 11 милиони членови од 47 земји ширум светот. Оваа практична алатка им помага на онлајн купувачите никогаш повеќе да не пропуштат некоја од шопинг придобивките на Cashback World.

 Членовите на Cashback World добиваат до 5% поврат на средства и шопинг поени за секое купување во еден од 120-те илјади лојални трговски партнери ширум светот, што понатаму можат да ги искористат за некоја од атрактивните зделки и понуди на трговските партнери.

Благодарение на новиот „Cashback Helper“– plug-in за Firefox, Chrome и Safari, сега е дури и полесно онлајн купувачите да ги искористат овие придобивки.

Оваа алатка ги информира купувачите преку самиот Google пребарувач дека компанијата која ја пребаруваат е трговски партнер на Cashback World и им покажува на корисниците колкав поврат на средства или шопинг поени имаат собрано, или пак дали тој трговски партнер има некоја атрактивна зделка која може во моментот да ја искористат.

Откако корисникот ќе го пронајде саканиот трговски партнер, единствено треба да кликне на копчето „Activate Cashback“ со цел да може да ги користи придобивките при купување со Cashback World. Фактот дека повеќе не е неопходно претходно да бидете логирани на cashbackworld.com, говори за тоа колку е всушност едноставно користењето на новиот “plug-in” – доволно е само да се најавите директно на “Cashback Helper” апликацијата.

И не само тоа, туку и минималистичкиот, чист дизајн ги прави релевантните информации уште полесни за пронаоѓање – прикажувајќи ги топ трговските партнери, новите трговски партнери и нивните актуелни кампањи. Потрагата по посакуваниот „онлајн“ или „офлајн“ лојален трговски партнер станува еднакво едноставна, односно преку кликнување на симболот лупа во горниот десен агол, посакуваната продавница се наоѓа многу бргу. За сите фанови на А.С. Roma, MotoGP™ и сите останати реномирани лојални трговски партнери на Cashback World, алатката
“Cashback Helper” постои и во дизајн на нивниот омилен клуб.

Повеќе информации за Cashback се достапни на www.cashbackworld.com/mk.

За Cashback World:

Cashback World, дел од Групацијата myWorld, e меѓународна шопинг заедница која им нуди на своите членови атрактивни шопинг придобивки во форма на поврат на парични средства, или пак шопинг поени кои понатаму може да се користат за различни пазарувања. Cashback World комбинира реален и дигитален шопинг, кој всушност го претвора пазарувањето во искуство.

Како најголема шопинг заедница, Cashback World нуди на своите членови можност да заштедат пари кога пазаруваат во над 120 илјади места ширум целиот свет. Во Македонија, Cashback World е распространета во повеќе од 2000 различни продавници и објекти, во сите трговски сектори, почнувајќи од прехранбени производи, бензински пумпи, ресторани и барови, преку мебел и домаќинство, производи за нега и убавина, облека и чевли, па сѐ до автомобили, градежништво, одмор и релаксација и најразлични видови услуги.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седницата за избор на нова влада во сабота

Редакција

Копач за „Телма“: Можни се санкции ако Македонија не го реши спорот за „ГА-МА“ и не го спроведе Третиот енергетски пакет

Редакција

Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција