еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Цементарница УСЈЕ ја доби Наградата за унапредување на човековите права во бизнисот

Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби Награда за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот, информираат од компанијата.

Оваа награда се доделува во рамки на проектот „Поттикнување на принципите на бизнис и човекови права“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во земјава, а спроведуван од невладината и непрофитна организација Конект, во партнерство со Бизнис Конфедерацијата и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на Обединетите Нации.

„Наградата е признание за позитивните практики на Цементарница УСЈЕ во унапредувањето на човековите права во самата компанија и во нејзиното деловно окружување. Проектот оценува дека Цементарница УСЈЕ е посветена на почитување на човековите права во сите области на нејзиното делување – кон вработените, партнерите и пошироката заедница.

Покрај другото, се истакнува дека компанијата применува мерки за заштита на животната средина, не само оние предвидени со Закон, туку и дополнителни практики со кои го намалува негативното влијание врз средината, дека користи системи за следење и стандарди за известување во внатрешната и надворешната комуникација, како и механизми на поплаки и надокнадување на штети, доколку некоја од засегнатите страни смета дека ѝ се загрозени човековите права“, информираат од компанијата.

Воведувајќи ја оваа награда, која годинава се доделува за прв пат, а ја добија вкупно седум компании, Проектот има за цел да ги истакне позитивните примери и со тоа да ја поттикне и промовира посветеноста на домашните компании за континуирано унапредување на човековите права преку нивните политики, оперативните практики и комуникацијата.

Проектот посебно е посветен на мисијата компаниите своите практики да ги усогласуваат со „Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН“ и  со „Целите за одржлив развој“.

Инаку, Цементарница УСЈЕ од 2008-та година, меѓу првите во државава, е потписничка и членка на „Глобалниот договор на Обединетите Нации“ кој ја пбврзува да ги почитува принципите на општествено одговорно делување во областите на човековите и работничките права, заштитата на животната средина, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство, велат од компанијата.

“Компанијата е повеќекратен добитник на национални награди за Најдобра општествена одговорна практика, а последната од овие награди ја доби на почетокот на месецов во категоријата „Односи со зедницата“ за проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности““, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките

Редакција

Двочасовен новогодишен концерт на Игор Џамбазов во Веро центар

Редакција

(Фото) На денот на љубовта доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Редакција