еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на горивата останува иста

Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменти. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да останат на ниво утврдено претходната недела.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50 денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 71,50 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот 61,50 денари за литар.

Промена има кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) каде има зголемување за 0,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 22 јули 2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,72 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 0,51 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 0,71 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 0,63 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,03 денари за долар и е за 0,55 отсто повисок од курсот на доларот  по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката бруто-плата во октомври

Редакција

Агенцијата за вработување склучи договор со Семос компјутерски образовен центар вреден 987,9 илјади евра

Редакција

ТТК Банка ја зголеми добивката за 36,6% во првото полугодие

Редакција