еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на горивата се намалува од ноќеска на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,82 проценти во однос на цените утврдени со одлуката од 27 јануари.

„Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за два денари за литар и ќе изнесува 58 денари, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 денари за литар.

Цената на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ ќе изнесува 66 денари за литар. Малопродажните цени на „еуросупер БС-98“ се намалуваат за еден денар за литар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 68,50 денари за литар,“ се вели во соопштението на РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вината од рекордната берба за „Тиквеш“ имаат одличен потенцијал за нови големи успеси

Редакција

„Едусофт“ го доби тендерот на МИОА за модернизација на системот на електронско управување со документи „тежок“ 820.000 евра

Редакција

(Видео) Стартуваше електронската наплата на патарините на Коридорот 10

Редакција