еМагазин
Image default
Локално

Цената на водата во Скопје останува непроменета

Потрошувачите во Град Скопје и понатаму ќе плаќаат иста крајна цена за потрошената вода иако ќе имаат различни ставки за трите водни услуги што се пресметуваат во сметките за потрошена вода.

-Во текот на минатата недела Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја одобри регулаторната тарифа за цената за вода во Град Скопје со која цената на водата остана непроменета. Со оваа одлука постапивме во согласност со законската регулатива, и вкупниот трошок што го плаќаат скопјани ќе остане ист, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека согласно Законот за определување на цени за водни услуги, во сите општини во државата се плаќа за три услуги – трошок за вода за пиење, трошок за прочистување и трошок за одведување (канализација).

-Крајната цена за вода на скопјани останува иста, но ќе има различни ставки во сметките за вода кои ќе ги добиваат во наредниот период, бидејќи тоа е законска обврска и веќе е имплементирана во сите општини во државата и е обврзувачка за сите јавни претпријатија, па и за ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, рече Бислимоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен угостителски објект на Бит Пазар, приведени 15 лица

Редакција

28-годишно момче починало од струен удар во објект во Маркова Сушица

Редакција

Товарно возило удри во пешак во Куманово

Редакција