еМагазин
Image default
Бизнис

Цените на горивата остануваат исти

Цените на горивата остануваат исти, а од полноќ поскапува само мазутот М-1 НС за 1,877 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Новата малопродажна цена на мазутот М-1 НС изнесува 40,424 денари за килограм.

Малопродажната цена на на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 68 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 70, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 62,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,5 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Винер – Виена иншуренс груп“ оствари добивка од 723.000 евра

Никола Осило

Алкалоид ќе дели дивиденда од 320 денари бруто за акција

Редакција

Ќе го преземе ли Фатмир Етеми управувањето со „Скопски пазар“?

Никола Осило