еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на основните прехранбени производи да останат замрзнати до крајот на февруари, предлага Министерството за економија

Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, со цената што ја имаа на 1 декември која ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

Од Владата тогаш најавија дека одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи, може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година, ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани ќе ја плаќаат Авганистанската национална армија

Редакција

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Редакција

735 милиони лица во светот гладуваат

Редакција