еМагазин
Image default
Убава приказна

Центар за странски јазици: 65 години инспирација и мотивација за учење странски јазици

Центарот за странски јазици – Скопје оваа година го прославува својот 65-ти јубилеј. Повеќе од половина век успешно го реализира изучувањето странски јазици и со тоа ја остварува својата цел – слушателите да ја совладаат уметноста на зборувањето, слушањето, пишувањето, читањето, па дури и размислувањето на странски јазик.

Најстарото училиште за странски јазици во нашата земја првпат започна со работа во 1954 година и веќе 65 години нуди курсеви за повеќе странски јазици, како и настава за странци кои сакаат да го научат македонскиот јазик.

Првиот курс на англиски јазик бил исклучиво наменет за дипломати и претставници во странство. Неколку години подоцна почнуваат и курсевите по француски и германски јазик, а во 1966 година за прв пат се организираат и курсеви за деца.

Во текот на своето долгогодишно постоење, Центарот прерасна во реномирана институција за изучување странски јазици. Курсевите се нудат на сите нивоа и ги посетуваат слушатели од различни возрасти кои се стекнуваат со јазични вештини и се запознаваат со различни култури и традиции.

Притоа, имаат можност да се подготват за полагање испити со цел да се стекнат со меѓународно признати сертификати. Висококвалитетната настава се изведува со помош на современи интерактивни методи и техники за да им се излезе во пресрет на индивидуалните потреби на учениците.

Грижата за секој поединечен слушател е еден од најдрагоцените аспекти од работата на Центарот за странски јазици, а возвратената доверба од слушателите претставува постојана инспирација и мотивација за успех.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет години „еМагазин“: Останавме независен медиум, кој е пазарно ориентиран и кој пласира проверени и точни информации

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Павле Николовски во кампања за „Уријел“ накит

Редакција

(Видео) „Приказна за мечкиното грозје и луѓето“- редок вид растение што се собира во нашата земја

Редакција