еМагазин
Image default
Техно

Централен депозитар за хартии од вредност со нов портал за следење на електронски извештаи

Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.

Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.

Порталот е изработен по мерка на потребите на корисниците и е многу лесен за користење. Покрај тоа, порталот нуди можност со кој се добиваат бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.

Имателите на акции регистрационите податоци за првичен пристап можат да ги добијат преку банките или брокерските куќи кои се членки на Централниот депозитар за хартии од вредност и кои склучиле посебен договор со Депозитарот за таа намена, а издавачите преку потпишување на договор со Централниот Депозитар за хартии од вредност за користење на дистрибутивниот систем на податоци, при што овластено лице од акционерското друштво добива пристап до порталот.

При изработката на порталот применети се највисоки стандарди на сигурност на информатичката технологија и заштита на личните податоци.

– Креирањето на порталот беше процес на селекција на потребите на крајните корисници, а самата веб апликација е создадена врз основа на многу искуства и познати практики. Од сега па натаму, Акционерските Друштва и инвеститорите на хартии од вредност ќе имаат олеснителен пат, поради тоа што дигитализацијата на Централниот Депозитар за хартии од вредност ќе ги заштеди сите круцијални ресурси, временски и оперативни, а воедно обезбедува заштита на интересите на засегнатите субјекти, одосно 530 издавачи и 70.000 сопственици на харии од вредност – изјави Даринка Дамјановиќ – извршен директор на Централниот Депозитар за хартии од вредност.

Фади Алрајес, соработник во тимот на ЕБРД посветен на Развој на локални валути и пазари на капитал, нагласи дека, новиот информациски Портал им обезбедува на инвеститорите и издавачите на хартии од вредност достапни on-line информации и извештаи со што многу придонесува за транспарентноста на податоците кои се однесуваат на нивните хартии од вредност.

-Дигитализацијата на податоците го засега претходно посложениот процес на нивно мануелно издавање директно од страна на ЦДХВ, го прави пазарот попривлечен за интернационалните инвеститори, а на издавачите им овозможува подобри информации за нивните акционери. На овој проект гледаме како на важен исчекор кон развој на локалниот пазар на капитал – изјави Алрајес.

Централниот Депозитар за хартии од вредност со оваа алатка придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од off-line во on-line е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.

Дигиализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската Банка за Обнова и Развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком ќе додели педесет фудбалски стипендии за талентирани деца

Редакција

Повеќе од половината од општините активни и на Фејсбук

Редакција

Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

Редакција