еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Централна кооперативна банка на ракодводниот кадар лани му исплатила 518.000 евра

Надоместокот којшто им се исплатува на тројцата членови на Управниот одбор се утврдува со менаџерскиот договор. Во минатата година, на членовите на Управниот одбор е исплатен надоместок во висина од 9 милиони денари и истиот претставува фиксен дел од надоместокот, соопшти Централна кооперативна банка во годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза.

„Согласно политиката за наградување на вработени во банката како и останатите правилници и интерни акти кои ја регулираат оваа област, на 22 вработени лица кои имаат посебни права и одговорности (раководен кадар), банката им исплати 31,9 милиони денари (518.000 евра), од кои 30,8 милиони денари претставуваат фиксен, а 1,1 милион денари претставуваат варијабилен дел.

На останатите 260 вработени во Банката, исплатени се вкупно 113,5 милиони денари за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес за годишен одмор и останати надоместоци од кои 109,8 милиони денари претставуваат фиксен и 3,7 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка оствари добивка од 10,9 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги потврди пресудите за Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет”

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

Убава вест: Оздравени 72 болни од Ковид-19

Редакција