еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка со добивка

Во второто тримесечје од 2018 година, Централна кооперативна банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат, кој е на линија на поставените цели од деловниот план, соопштија од банката преку Македонската берза.

Добивката пред оданочување на банката за овој период изнесува 4.059 илјади денари.

“Како резултат на континуираниот нагорен тренд во доменот на кредитирањето, при истовремено задржување висок квалитет на кредитното портфолио и насоченоста кон подобрувањето на оперативната ефикасност, евидентиран е пораст на каматните приходи од 6,56% во однос на истиот период од минатата година.

Банката бележи и значителен раст на депозитите, особено во сегментот население. Растот на депозитите генерираше зголемени расходи за каматаза 7,41%, но, сепак, нето-ефектот кај приходите од камата е позитивен и е зголемен за 6,14% во однос на истиот период минатата година.

Поради определбата на Банката за зголемување на обемот на работа преку понуда на промотивни и подостапни услуги за своите клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат намалување за 5,50%, споредено со истиот период минатата година.

Банката во второто тримесечје го задржа одличниот квалитет на кредитното портфолио и покрај евидентираниот мал раст на исправката на финансиските средства. Зголемувањето на исправката делумно произлегува од растот на кредитното портфолио, а дел од последователното мерење на кредитниот ризик на зрелото кредитно портфолио.

Во овој период Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во делот на останатите приходи од дејноста, Банката го задржа речиси истото ниво во однос на минатата година, додека кај нето-приходите од курсни разлики, оствари незначително намалување.

Позицијата трошоци за вработените забележа зголемување за 5,42% во однос на минатата година, поради растот на бројот на вработените и континуираното вложување во постојните вработени.

Напредокот во делот на оперативната ефикасност се гледа и преку остварените заштеди евидентирани во позицијата останати расходи од дејноста, при што истите се за 2,60% пониски од минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на должници на Листата на УЈП, и кај фирмите и кај граѓаните

Редакција

Tоп пет најголеми должници на листата на УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Редакција

Душко Чифлиганец на EqualXChange конференцијата: „Мое златно правило е секогаш да се опкружувам со попаметни луѓе од мене“

Редакција