еМагазин
Image default
Македонија

Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска

Централниот регистар најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он, Мери Јордановска, соопшти директорката на регистарот Марија Бошковска Јанковски на нејзиниот Фејсбук профил.

„Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.

Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.

Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, напиша директорката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закани кон новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара истрага

Фото: Фејсбук/Бошковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пополнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската болница

Редакција

Турција очекува Македонија да протера лица и да затвори училишта поврзани со ФЕТО, која ја смета за терористичката организација

Редакција

Седум нови случаи со Ковид-19 во Куманово, два во Липково

Редакција