еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир останува на врвот во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Скопската општина Чаир со недели има најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот не само во рамките на Град Скопје, туку и на национално ниво.

Според податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Чаир има 402 активни случаи, што е повеќе од бројот во градските општини со најголем број на активни случаи во Македонија, кои во вкупната бројка опфаќаат и случаи и од по неколку рурални општини.

Па така, Чаир има повеќе активни случаи од Тетово (второ место), каде има 322, од Куманово (трето место), каде има 250, и од Штип (четврто место), каде има 186 активни случаи.

Во Скопје вчера беа регистрирани 55 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Заклучно вчерашните податоци, во Скопје има вкупно 2.588 случаи на заразени со Ковид-19, од кои активни се 1.734.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир има над 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопски општини

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Поради корона вирусот муслиманските верници од земјава нема да одат на аџилак

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Редакција

(Фото) Пендаровски на папата Франциск му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име

Редакција

54 доктори и медицински сестри од целата земја дојдоа да помогнат во Клиниката за инфективни болести и „8 Септември“

Редакција