еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир убедливо прв во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Скопската општина Чаир со денови има најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот не само во рамките на Град Скопје, туку и на национално ниво.

Според податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Чаир има 363 активни случаи, што е повеќе од бројот во градските општини со најголем број на активни случаи во Македонија, кои во вкупната бројка опфаќаат и случаи и од по неколку рурални општини.

Па така, Чаир има повеќе активни случаи од Тетово (второ место), каде има 316, од Куманово (трето место), каде има 229, и од Штип (четврто место), каде има 207 активни случаи.

Во Скопје вчера беа регистрирани дури 96 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Заклучно вчерашните податоци, во Скопје има вкупно 2.440 случаи на заразени со Ковид-19, од кои активни се 1.653.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир стигна до 363 активни случаи на Ковид-19, а Гази Баба до 148

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.161 случаи на Ковид-19 од 3.114 тестирања

Редакција

„Идам да си купам магаре“: Твитер реакции за нефункционирањето на радарскиот систем и излизгувањето на возот кај Куманово

Редакција

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 1,50 на 1,25 проценти

Редакција