еМагазин
Image default
Локално

Чеченец обвинет за продажба на марихуана од мотел во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава.

При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важна информација за планинарите: Забрана за движење на Карбула, Меденица, Говедарник, Голем и мал Брзовац и Курков Дол, потребна е дозвола

Редакција

Кривична пријава за масовна тепачка во Куманово

Редакција

Со нож му се заканувал на вработен во продажен салон на мобилен оператор во „Сити мол“

Редакција