еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Честит 11. Октомври: 16 партизани од одредот „Гоце Делчев“ во Прилеп го кренаа востанието против фашизмот во Македонија

Македонија денеска го слави Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот, 11. Октомври.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11. октомври 1941 година.

Во нападот учествуваат 16 партизани распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.

Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Во акцијата на првата група бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп. Потоа, Аспарух Јосифовски фрлил бомба врз зтражарницата. Меѓутоа, надвор се нашол уште еден војник и отворил оган врз групата и со тоа овозможил стражарите да се извлечат. Потоа нстанала вооружена престрелка, а групата успеала да се извлече по речното корито. Помеѓу партизаните немало загинати.

Втората група нападот го започнала точно во 22 часот. Во предвиденото време незабележана групата се доближила до затворот и во моментот кога ја слушнала престрелката пред полициската станица по фрлената бомба јуришала на затворот. Од затворот било возбратено со оган. Откако било констатирано дека не може да се влезе во затворот за да се ослободат затворениците биле фрлени бомби со што било овозможено без губитоци групата да се повлече по тесните улици.

Третата група со спојување на телефрафските и електричните жици успешно го прекинува телефонскиот сообраќај за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот.[

По изведените акции сите три групи се повлекуваат без губитоци на зборното место наречено Средоточна вода во текот на ноќта додека во градот сѐ уште се слушаат истрели од огнено оружје.

Според оптужницата на воениот суд против учесниците на нападот на полициската станица групата се обучувала во близина на Марковите Кули. Напаѓачите располагале со околу дваесет пушки со неколку бомби, со 300-400 куршуми, со леб и со други намирници.

Во оптужницата се вели дека во текот на нападот со три куршуми бил убиен стражарот Петар Дамев Колев во текот на извршување на стражарската должност. Стражарот Стојан Иванов Георгиев бил ранет во левата нога и во градниот кош пред полициската станица. Како резултат на отпорот кој бил даден, се вели во оптужницата, напѓачите фрлиле рачна бомба која експлодирала, но не повредила никого.

Дејствија има и во Кумановско. На 12. октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред.

При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14. октомври, а Козјачкиот одред – на 17. октомври.

Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

Користени материјали од Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Подзаборавени снимки од „Вардар филм“ за големината на 11 Октомври

„Този фашист не е фашист“: Твитер реакции за условите на Бугарија за Македонија за членство во ЕУ

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Фото: Викимедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подобрено снабдувањето со електрична енергија во населбата Лисиче

Редакција

Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори, вели Бухова

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Првични снимки од нападот на Русија на Украина

Редакција