еМагазин
Image default
Македонија

Честитки за потпишување на Протоколот за влез на Македонија во НАТО и од МПЦ и ИВЗ

Честитки за потпишувањето на протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и заедничка изразена верба дека тоа носи траен мир за Република Македонија и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во нашата земја, упатиле Поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија на средба со премиерот Зоран Заев.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата со Заев присустувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква во Република Македонија, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква во Република Македонија и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија.

– На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членството во НАТО годишно ќе не чини 1,2 милиони евра

Веста за Протоколот меѓу Македонија и НАТО одекна во светските медиуми

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“

Редакција

Злоупотребениот џип на МВР за патување во Грција е донација

Редакција

(Видео) Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ќе изградиме поинаков Западен Балкан кој ќе биде фактор во Европа

Никола Осило