еМагазин
Image default
Локално

Четири кривични пријави за уништувањето на трската и узурпација на крајбрежјето

Во соработка со Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четири лица за уништување трска и за узурпација на крајбрежјето во Струга.

Министерот Оливер Спасовски во одговор на пратеничко прашање, рече дека кривична пријава е поднесена против едно лице за узурпација на недвижност сопственост на државата и за кривично дело уништување добра од привремена заштита.

Во однос на  нелегално сечење трска поднесени се две кривични пријави – за сторителот и за нарачателот. Поднесена е и кривична пријава против инспектор од МЖСПП зашто не ги констатирал фактите дека има палење и уништување трска и узурпација на тој дел од езерото.

Спасовски рече дека откако МВР ја поднело кривичната пријава против инспекторот, тој поднел кривична против непознат сторител за истиот случај.

-МВР и натаму ќе продолжи бескомпромисно да се бори против кој било сторител на овие нелегални активности. Упатувам апел до надлежните инспекциски служби да ги извршуваат своите законски надлежности за заштита на природните реткости, природни добра и, генерално, имотот на Република Северна Македонија. Затоа што пропустот на која било од службите  дополнително ги охрабрува овие криминални структури кои сакаат на криминален начин да узурпираат  исклучително атрактивно земјиште во заштитен појас. Ќе продолжиме и натаму за каква било евентуална злоупотреба да биде соодветно санкционирана – рече Спасовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мафијашки филмови“ во Скопје: Впериле пиштол во полицајци кои пренесувале убиец

Редакција

Тепачката на градскиот базен во Штип почнала поради напад на 25-годишна девојка од радовишко

Редакција

Жител од Здуње не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат

Редакција