еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четири новозаразени текстилни работнички во Штип, вкупната бројка од истата конфекција се зголеми на 10

Бројот на заразени текстилни работнички во Штип се зголеми, откако денеска се регистрираат четири нови случаи на вработени во конфекцијата, која од вчера е затворена. Со овие нови случаи вкупниот број на заразени текстилни работнички од конфекцијата се искачи на десет.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје денеска ќе земат брисеви на уште шест текстилни работнички, кои се од истата конфекција. Се прават анкети и се лоцираат работничките од другите конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените од корона вирусот.

Во моментов во изолација се ставени 55 работници и членови на нивни семејства, со цел да им се следи состојбата, бидејќи имале некаков контакт со заразените.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во моментов на Инфективното одделение на болничко лекување се вкупно девет лица и сите се од Штип, од овие пациенти четири се текстилни работнички. Пациентите се добри и им се следи здравствената состојба.

Во текот на вчерашниот ден извршена е детална дезинфекција на конфекцијата и автобусите, а Општинскиот кризен штаб почна со таргетирана дезинфекција пред влезовите на конфекциите и автобусите.

Здравствените работници и локалната власт бараат од граѓаните да ги почитуваат мерките, како што се држење на социјална дистанца од два метра, задолжително носење на маски и често миење на рацете, со цел да не се шири вирусот.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот и едно лице кое не е поврзано со досегашните кластери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Сите детали: Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Редакција

(Видео+Фото) Јато фламинга на Охридското Езеро

Редакција