еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четири се вакцинирани: Од Ковид-19 починаа 7 лица, дополнително пријавени уште 7

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022.

Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.

Вкупниот број на починати е 8.153.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 747 оздравени од Ковид-19

276 се реинфекции: Нови 2.051 случаи на Ковид-19 од 6.353 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.506 починати од Ковид-19, 260 биле вакцинирани

Редакција

Мјанмарската хунта на 4 години затвор ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи

Редакција

Филипче: Би се вакцинирал со која било вакцина што прва ќе пристигне

Редакција