еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Четкар ја освојува Јапонија: Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде неговиот нов албум

Пи-Вајн (P-Vine), една од најпопуларните јапонски музички куќи со светско реноме која е прочуена по квалитетот на своите изданија низ аудофилите ширум светот оваа недела го издаде новиот студиски албум на Владимир Четкар насловен како ‘Going Home’.

Вистински раритет е што албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некој од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер.

Овие изминати неколку недели музиката на Четкар ужива огромен респект од јапонските медиуми и активна радио подршка од сите поголеми национални и локални радио станици. Масахару Јошиока кој е еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е ‘неверојатно ремек делo’.

Албумот ‘Going Home’ е комплетно авторско дело на Четкар каде како и во предходните два албума ‘Heavenly’ и ‘We Will Never End’ и тука се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Владимир Четкар ја освојува Јапонија со неговата музика

Фото: Фејсбук/Четкар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 6.013: Од Ковид-19 починаа 26 лица, најмладиот на 23 години

Редакција

Г.г. Стефан: Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот

Редакција

ГАК за 22-годишната почината родилка од Ковид-19: Пациентката двапати одби хоспитализација

Редакција