еМагазин
Image default
Забава

Четкар гостин на аргентинската радио-програма „Дискорама“

„Дискорама“, една од најквалитетните музички радио програми од Аргентина своето 278-мо издание ќе го посвети за музиката и животниот пат на македонскиот композитор, аранжер, продуцент, вокалист и гитарист, Владимир Четкар.
Во изминатите емисии на „Дискорама“ гостувале некој од најлегендарните светски продуценти и музичари на популарната музика.
Во ексклузивното интервју со Четкар зборуваат за неговите музички почетоци во Охрид, Македонија, студентските денови во Беркли, соработката со познати светски музички куќи и продуценти како и професионалната кариера како кантавтор и фронтмен, која на Четкар го однесе на некој од најголемите музички фестивали и џез клубови во светот.
Емисијата ќе се емитува овој петок во 22 часот (средно време по Гринич минус 3 часа) на фрекфенцијата на Радио Култура од Буенос Аирес (hwww.fmradiocultura.com.ar).
На 13 јули во Охрид на плажата Бонанца, Владимир Четкар пред македонската публика ќе одржи концертна промоција на својот трет студиски албум „Going home“.
Концертот е дел од манифестацијата „Вино и џез“ која оваа година ќе одржи јубилејно, петто издание.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) “Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска за крај на есенскиот Моден викенд Скопје

Редакција

(Фото) Каролина на одмор во Турција

Редакција

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март

Редакција