еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четворица во домашна изолација во Штип, ќе се тестира лице од Кочани со сомнителни симптоми на коронавирус

Во домашна изолација се вкупно четворица здравствени работници од Кожното одделение во Клиничката болница во Штип, писмено денеска информираа директорите на таа јавна здравствена установа и на Центарот за јавно здравје, Ален Георгиев и Марија Димитрова.

Во соопштението се наведува дека лекарките присуствувале на симпозиумот во текот на викендот на кој бил присутна и директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје за која е потврдено дека е позитивна на тестот за коронавирус.

– Веднаш се преземени сите превентивни мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести. Лекарките се епидемиолошки анкетирани и со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.

Направена е дезинфекција на амбулантата и Одделот за дерматовенерологија во Клиничка болница Штип, се вели во соопштението доставено до медиумите.

Во него се наведува дека до следните препораки од Комисијата за заразни болести прегледите и хоспитализацијата на Кожното одделение во Штип се стопирани.

Надлежните од Центарот за јавно здравје во Штип информираат дека им е најавено од страна на епидемиолозите од Кочани дека во изолациска болничка соба на Инфективното одделение треба да се донесе маж кој има сомнителни симптоми и на кого треба да се направи тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту Содома, ниту Гомора по првата „Парада на гордоста“

Редакција

Мајката на Пино Секондо за неговото убиство: „Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат“

Редакција

(Видео+фото) “Кермес“ оживеа: Почна Фестивалот на светлината – Skopje Light Festival

Редакција