еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четврта жртва по експлозијата во Романовце: Почина и 58-годишен маж

На Единицата за интезивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје синоќа почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба откако настрада во експлозија на плинска боца во кумановско Романовце, информираше за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

– Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж, изјави Хасани.

Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години.

Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ. Филипче информираше за состојбата на повредените и нагласи дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување. Потенцира дека внимателно ќе се следи нивната состојба.

Во критична животна состојба се и четириесетгодишната жена и десетгодишното дете кои се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години. Ова за МИА го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург, Љубен Арсенков.

Гинеколог ја прегледал пациентката, која е бремена во седми месец, и констатирал дека плодот е добар. Според првичната проценка, кај жената имало опеченост од 20-30 отсто и била примена во единицата за интензивно лекување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР: Во експлозијата во Романовце загинале три дечиња

Во критична состојба жената и детето кои настрадаа во експлозијата во Романовце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив

Редакција

(ВИДЕО) Нема да има предвремени парламентарни избори, пресече СДСМ

Редакција

Тешко повреден моторџија откако со „Хонда ЦБР“ удрил во ограда

Редакција