еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава.

Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

„Таа е стабилна и има лесна клиничка слика“, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.

Потенцира дека со исклучително големо внимание пристапуваат кон мерките на Клиниката за кожни болести и во овој момент целата екипа од Институтот за јавно здравје прави анализи на сите кои контактирале со неа како на вработените и пациентите.

„Можно е согласно проценката и одлуката на епидемиолозите денеска одделот целосно да биде затворен, и целокупниот медицински персонал согласно фреквенцијата и должината на контактот кој го имале да бидат испратени на домашна самоизолација, како и пациентите кои се хоспитализирани. Сите други прегледи во периодот кој следи ќе бидат насочени кон другите јавно здравствени институции каде има вакви специјалисти“, истакна Филипче.

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат сериозно, рече Филипче и додаде дека не можат да ги затворат границите, ниту една земја во Европа тоа го нема направено и тоа е невозможно.

„Секој кој доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, тоа е тој најризичен стадиум на болеста, на инкубација кога нема симптоми, а веќе имало контакт со заболен, мора да остане во автоизолазија 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје“, нагласи Филипче и им се заблагодари на медиумите за одличната соработка за повторување и пренесување на мерките за заштита и превенција.

Укажа на мерките кои се воведени во Италија, каде од вчера е прогласена црвена зона во 14 провинции на Ломбардија.

„Во интензивна комуникација сме со министерот за надворешни работи, со нашиот конзул во Северна Италија. Сите тие мерки важат за сите луѓе кои се затекнати без оглед дали се жители и државјани на други земји, што значи на нив им е забрането патувањето. Вчера авиокомпанијата ВизЕр ги суспедираше сите летови до нашата земја од ризичните региони на Северна Италија. Во контекст на ова, испративме барање до Стопанската комора за информација од Секторот за туризам за тоа дали се очекува и дали има организирани патувања за празникот и ако имало кои се тие агенции, кога очекуваат да се вратат патниците со цел да знаеме претходно пред да се појават на граничните премини“, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека секаде каде ќе утврдат прекршок во врска со непочитувањето на апелите за неодржување масовни собири на кои се очекуваат гости од странство, на автоизолација после доаѓањето од ризичните региони, како и непочитување на доброто спроведување на веќе препорачаната мерка со здравствен надзор и самоизолација, ќе преземат најостри мерки на санкционирање.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

(Фото) Хероина на денот: Сестра Маја се грижи за заболените од коронавирусот

Визер нема да лета од Скопје и Охрид до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април, за да го спречи ширењето на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Вкупно 257 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 236

Редакција

(Видео) Воениот оркестар на Обединетото Кралство ја пречека министерката Петровска со „Јовано, Јованке“

Редакција