еМагазин
Image default
Спорт

Четврто издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Викендов во Скопје ќе се одржи четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“. Во петок и во сабота на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски, љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во уметноста на мразот што ќе ја донесат речиси сто натпреварувачи, од кои седумдесетина доаѓаат од странство.

Во склоп на овој натпревар по четврти пат ќе бидат прогласени националните прваци во уметничко лизгање.

Натпреварот ќе се реализира во вкупно седум категории, и тоа три категории во рамките на националниот натпревар (сениори, јуниори и младинци) и седум категории во меѓународниот натпревар (дополнителни категории: кадети А, кадети Б, кадети Ц и интерпретации).

Настанот започнува во петок во 17:30 часот, кога ќе се одржат службените тренинзи, извлекувањето на редните броеви за настап и натпреварите во интерпретации. Во сабота пак, натпреварувачкиот дел ќе трае од 8:00 до 18:00 часот, по што ќе следува доделувањето медали и дипломи.

Организатор на „Skopje on Ice“ е Федерацијата за лизгачки спортови која е формирана во 2013 година. Овогодишното издание на единствениот натпревар од ваков тип во земјава е поддржано од фармацевтската компанија Алвоген, која го препозна значењето и уникатноста на Skopje on Ice.

Уметничкото лизгање е млад спорт во нашата држава, со оглед што услови за тренинзи се создадоа со отворањето на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во 2011 година. Со него активно се занимаваат околу 20 спортисти од земјава, кои секоја година учествуваат на по неколку европски натпреварувања, како и на јуниорското Гран при во уметничко лизгање.

Федерацијата за лизгачки спортови со одржувањето на „Skopje on Ice“ се обидува да го популаризира овој спорт, особено меѓу најмладите. Влезот за сите посетители на двата натпреварувачки дена е слободен.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија изгуби од Грузија

Редакција

Владата воведува даночни ослободувања за спортски федерации, клубови и активни спортисти

Редакција

Две сребра и една бронза за македонските каратисти на Светската Универзијада

Редакција