еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот претседател на ДИК Чичаковски, кој беше дел од аферата со делење на бонуси, конкурирал за управен судија

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд, беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет.

Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.

Тој заедно со членовите на ДИК поднесоа оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси, покрај високите плати.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Допрва претстои „тешкото“ меѓу Македонија и Бугарија: Се уште не се чепнати Илинден и Втората светска војна

Редакција

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

Редакција

Убава вест: 198 оздравени од Ковид-19

Редакција