еМагазин
Image default
Локално

Внукот го врзал за дрво: Чичко осомничен за малтретирање на две деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

„На 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца на кои им бил чичко. Кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, осомничениот едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво.

Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата“, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомничениот, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз децата со кои е во крвно сродство, како и поради можност да го повтори делото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестгодишно дете од Прилеп исчезнало во Тетово

Редакција

Петорица повредени во судар меѓу „БМВ“ и „Мерцедес“

Редакција

Несекојдневна кражба: Им „здиплил“ над 26.000 килограми јаболка

Редакција