еМагазин
Image default
Македонија

Чифлиганец: Беспредметно е споменувањето на моето име во „Рекет“

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец денеска во писмено соопштение ги негираше наводите од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан Камчев за случајот „Рекет“ кои беа објавени од страна на италијанскиот венсик „Ла Верита“.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори.

Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име“, пишува Чифлиганец.

Обвинителката Лиле Стефанова денес јавно соопшти дека Јордан Камчев и Цветан Панделевски во август 2018 година се обиделе да извршат влијание врз предистрагата за „Империја“ преку Ванчо Чифлиганец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

По новите снимки на „Ла Верита„ се јави Јанева: Моја обврска е да контактирам со сите осомничени

(АУДИО) Сите осум разговори кои денеска ги објави италијанскиот весник Ла Верита

Фото: Фондација Чифлиганец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофалните здравствени трошоци остануваат предизвик за Македонија, велат од СЗО

Редакција

Собранието годинава работело само 88 денови

Редакција

Заев: Огромно мнозинство од бугарскиот народ и Борисов се против блокада на нашиот пат кон ЕУ

Редакција