еМагазин
Image default
Свет

Чини 190 евра: Од денеска тестирање за коронавирусот на аеродромот во Виена за да се избегне карантин

Аеродромот во Виена од денеска ќе понуди тестирање на новиот коронавирус за да им овозможи на патниците кои пристигнуваат во Австрија да избегнат 14-дневен карантин.

Патниците ќе имаат на располагање молекуларно биолошки или ПЦР тест на Ковид-19 на виенскиот аеродром, чиј резултат ќе биде готов за два до три часа.

– Патувањето со авион, без оглед дали станува збор за деловен или итен пат, ќе биде на тој начин побезбедно и полесно, се наведува во соопштението на аеродромот.

Тестот, кој чини 190 евра, ќе можат да го направат и патниците кои ја напуштаат Виена.

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот ќе мораат да покажат лекарска потврда дека се негативни на коронавирусот, а тестот не смее да биде постар од четири дена или ќе заминат во карантин.

Виенскиот аеродром има планирани летови за Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Минск и Софија, како и чартер летови.

Забрането е слетување на авиони од подрачјата кои се сметаат дека се од голем ризик.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За летување во Грција освен здравствена потврда, можни и меѓудржавни договори, за да матичната земја одговара за туристот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хамас со ракетен напад врз Тел Авив

Редакција

(Фото) Прележаните од Ковид-19, може да имаат скриено оштетување на белите дробови

Редакција

(Видео) Разорен земјотрес ја погоди Сицилија по ерупцијата на вулканот Етна

Редакција