еМагазин
Image default
Локално

Чини 50 денари: Пуштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП

ЈСП Скопје денеска соопшти дека е пуштен во употреба билетот за едно возење што може да се набави во сите возила и во билетарниците на ЈСП Скопје.

– Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје. Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, наведоа од ЈСП Скопје.

Од Претпријатието изразија уверување дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, и воопшто за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Полицијата бара човек снимен како прска врата од зграда со непозната материја и бега

Редакција

Едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 продолжува во Валандово и Росоман

Редакција

Од денеска во продажба дневен билет од 120 денари за неограничен број користења во градските автобуси во Скопје во текот на еден ден

Редакција