еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Раководителот на Регионалниот Центар за управување со кризи, Горан Стојановски и член на општинскиот кризен штаб во Куманово на неговиот Фејсбук-профил објави дека дополнително се тестирал по што резултатите биле негативни.

Стојановски е еден од членовите на општинскиот кризен штаб кај кого на 16-ти април беше утврдено дека е позитивен на Ковид 19.

Тој пишува дека по консултации со матичниот лекар и бидејќи немал симптоми се тестирал приватно во две клиники.

„Првиот PCR тест изготвен во референтна лабoраторија, како и вториот брз RAPID тест за антитела IgG и IgM се негативни и укажуваат на фактот дека нити сум дошол во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор кај мене, во мојот организам за некакво си заразување со Ковид-19“, пишува Стојановски.

Тој појаснува дека добил решение од ДСЗИ, дека треба да е во самоизолација, согласно првичното тестирање, а сега два резултати му се негативни.

„Се убедувам себе си, а уште повеќе сакам да верувам дека лабораторијата при Институтот за јавно здравје при прегледување на моите брисеви има направено превид или случајна грешка, но не сакам ни да помислам дека позадината е нешто сосема друго кое по некаква потреба го прави позитивен мојот резултат“, вели во објавата.

Стојановски најави дека писмено ќе се обрати до ЦЈЗ Куманово и ќе побара повторно тестирање за да, како што пишува, се корегира грешката. Тој додава дека ќе го почитува решението на ДСЗИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Кризниот штаб бара двонеделен карантин за Куманово поради забрзаното ширење на корона вирусот

Фото: Фејсбук/Стојановски/Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тимот на ИРЛ добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Редакција

(Фото) „Да не го гори јорганот, за неколку болви“: Порака од „Огнената група“ на ДУИ до Ахмети

Редакција

Земјотрес во Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,6

Редакција