еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чудни критериуми за вработување: Нема место за лекари Македонци во тетовската Клиника

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари обвинува за местење на огласите за вработување медицински лица во Клиниката во Тетово.

Тие ги објавија резултати од конкурсот за вработување од кои може да се види дека бодувањето на кандидати не било земено предвид при доделувањето на работните места.

Имено, кандидатите кои се високо на листата според бодувањето не се вработени, а на нивно место се избрани други лица.

Случајност или не, сите вработени се лекари Албанци, иако на конкурсот биле пријавени лекари – Македонци кои добиле повеќе бодови.

„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не! Каков е овој скандал и неправда! Првата слика е ранг листата, а втората примени кандидати, срамота! Бараме одговорност за ова!“, реагираа од Асоцијацијата.

Фото: Фејсбук/Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацковска Тодоровска: Државата треба да даде поголема поддршка за обуки и развој на вештини на младите

Редакција

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Редакција

1.022 нови случаи на Ковид-19 од 3.127 тестирања, најмногу во Скопје 463

Редакција