еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чулев вели дека не се од неговиот тим: Полициски службеници на распит во Обвинителството

Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постака, која е во тек, потврдија за МИА од Обвинителството.

Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителството и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.

Претходно дел од медиумите објавија дека се спроведуваат апсења за високи високи полициски службеници од тимот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.

Чулев демантира дека полицајците се од неговиот тим

Чулев демантираше дека полициските службеници, кои се на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се дел од неговиот тим.

-Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантираме овие наводи. Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет.

Лицата немаат добиено какви било решенија од моја страна, нагласува Чулев, кој откако случајот излезе во медиумите до јавноста се обрати преку својот Фејсбук профил.

-Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници, додава Чулев.

Според неговите информации, како што наведува тој во постот, „во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура“.

Напомена дека никој нема да го поколеба или исплаши во неговата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Бугарија нема да поставува нови услови за старт на преговорите со ЕУ, но да се решат историските спорови

Редакција

Убава вест: Оздравени 325 болни од Ковид-19

Редакција

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција